Страшно: Американец си го силувал кучето

Шеесет и двегодишниот Џејмс Гал Бул од Дејтон Бич, Флорида доби затворска казна од пет години бидејќи силувал куче.

Тој се изјаснил како виновен по две точки од обвинението кое го товари за суровост кон животни и според некои точки кои го товарат за сексуален однос со животни.

-Деталите од овој случај се тешко сфатливи. Злоставувањето на беспомошното куче предизвикува шок во колективната свест на сите граѓани од нашиот округ, вели обвинителот.

Бул својот настран поход по почнал на 18 март, а за неговиот крајно брутален чин сведочеле двајца соседи. Тие на суд раскажаа дека неколку пати го виделе Бул како својата кучка, која ја викал Коко ја допирал по гениталиите. И во двата случаи животното цвилело, но тој не престанувал. И тогаш следувал шокот.

-Имаше секс со кучето, а кога ме виде, ги крена панталоните и го спушти животното на земја, раскажа пред судот соседот кој веднаш потоа повикал полиција.

Кога стигнале полицајците ја затекнале Коко како се превиткува од болка, преплашена и оставена без храна и вода.

Кучката во меѓувреме му е одземена и сместана во друштво за заштита на животните, кое и го промени името и сега се вика Роз.