Страшна сообраќајка кај Куманово: Еден брат загина, двајца тешко повредени

Едно лице го загуби животот, а други две се повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа во 22.30 часот во кумановско Доброшане, соопшти МВР.

Педесет и пет годишниот Горан С. од Куманово го загуби животот, а неговите двајца браќа се повредени, автомобилот „опел кадет“ со кумановски регистарски таблички кој се движел на магистралниот пат Свети Николе-Куманово на влезот во Куманово во Доброшане,од засега непознати причини преминал на другата коловозна лента и удрил во четири паркирани возила.

Од здобиените повреди Горан починал на лице место, а неговиот две години помлад брат С.Д се здобил со тешки телесни повреди и е префрлен во клинички центар во Скопје, додека помладиот брат 38 годишниот Н.Д се здобил со телесни повреди.

По наредба на основен јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството. Увидот што го изврши увидната екипа на кумановската полиција ќе ги покаже причините за настанувањето на сообраќајната несреќа.