Страшна сообраќајка на патот Велес-Градско, загина возач

Денеска околу 18.30 часот Р.Д. од Куманово загина во сообраќајна незгода која се случила на патот Велес-Градско.

Според полицијата тој возел автомобил „опел зафира“.

Кај селото Ногаевци од засега непознати причини возилото излетало од патот, при што на местото на незгодата починал возачот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.