Страшна сообраќајка во Автокоманда, се судрија два камиони и автомобил

Сообраќајна незгода во која учествуваа два камиони и еден автомобил, пред околу половина час се случи во скопската населба Автокоманда.

Итната медицинска помош е пристигната на самото место, но засега нема информации за повредени лица.

Сообраќајот на булеварот „Александар Македонски“ се одвива отежнато.

 

Фото: Ексклузив.мк