Страста започнува да бледее по три години врска

Страста започнува да бледее по три години врска
Страста започнува да бледее по три години врска

Само еднa од четири двојки може да се пофали дека врската им е свежа и возбудлива. Многумина велат дека е тешко да се одржи врската свежа. Ако сексот е резервиран само за навечер, тоа е прв знак дека искрата меѓу вас бледее.

Секоја десетта двојка вели дека искрата започнала да бледее уште во текот на првата година на врската, а 16 отсто од испитаниците изјавиле дека тоа се случило само по неколку месеци заеднички живот.

Во просек, страста започнува да бледее по три години врска, ако им се верува на резултатите на новата британска студија во која учествувале две илјади луѓе.

Мали изненадувања, романтични викенди за двајца и редовно излегување во двојка се некои од начините за кои двојките мислат дека ќе ја задржат искрата.

Најголем дел од испитаниците, 57 отсто го земаат својот партнер здраво за готово, а 64 отсто од нив изјавиле дека е тешко врската да ја одржат интересна поради секојдневните обврски.

Имено, оставањето на сексот за навечер е означено како прв знак кој говори дека страста започнала да бледее, додека на второ место е изостанување на бакнежи при збогување, а на трето место е бројот на излегувањата. Се тоа означува дека двојката е во рутина.

Други знаци кои се во првите десет се заборавање да се каже „те сакам“, заминување во кревет во различно време или поминување на вечерта во различни делови на куќата.

Повеќе од половина од испитаниците признале дека во врската би биле посреќни кога самите или нивниот партнер би се потрудиле, врската да постане поромантична.

Една третина мисли дека заминувањетона одмор би ја вратило возбудата во врската, додека 26 отсто само би сакале почесто да добиваат романтични и нежни пораки од партнерот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.