Стратегија на Владата: Масовно доселување мигранти во Македонија, давање државјанства, вработување, станови и куќи

Владата на Зоран Заев преку министерката Мила Царовска подготвува стратегија за масовно доселување на мигранти во Македонија следниве 10 години.

Документот на МТСП е наречен „Предлог нацрт стратегија за интеграција на бегалци и странци ‎2017 – 2027 година, како и Акциски план ‎2017 – 2027“.

Документот предвидува масовно давање на државјанства на мигрантите, семејно обединување, со тоа што секој мигрант ќе може да го донесе целото свое семејство, кое натаму забрзано ќе добие државјанство, нивно вработување и нивно сместување по станови и куќи низ цела Македонија.

Според МТСП, стратегија ќе го „стесни“ фокусот на интеграцијата и ќе ги претстави стратешките цели низ четирите главни области – домување, образование, вработување и стекнување државјанство, додека прашањата поврзани со подобрувањето на системот за интеграција или мерките насочени кон раната интеграција ќе треба да се протегаат низ сите области.

dokument beglci 01

 

 

dokument beglci 02

 

 

dokument beglci 03

 

 

dokument 05

 

dokument beglci 04

 

Smestuvanje

 

за Заев и Царовска приоритет се мигрантите, па така во Националниот акциски план за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 се предвидува изградба на 100 згради.

Во секторот „Домување“ стои следново:

Како мерка „Да се идентификуваат и обезбедат парцели на државно земјиште на располагање за инвестирање во социјални станови“.

Очекувања на Владата и МТСП „Достапни локации за изградба на социјални станови“.

За надлежна институција на оваа мерка е Владата, а планирано е со „одлука на Владата; Барем 100 единици – локации да станат достапни“.

Временската рамка е од „2017 година и понатаму“.

„Проценет годишен буџет во евра – државен придонес: 100 проценти“

Дополнително во документот на МТСП наречен „Предлог нацрт стратегија за интеграција на бегалци и странци ‎2017 – 2027 година се предвидува масовно давање на државјанства на мигрантите, семејно обединување со тоа што секој мигрант ќе може да го донесе целото свое семејство, кое понатаму забрзано ќе добие државјанство, нивно вработување и нивно сместување по станови и куќи низ цела Македонија.

Според МТСП, стратегија ќе го „стесни“ фокусот на интеграцијата и ќе ги претстави стратешките цели низ четирите главни области – домување, образование, вработување и стекнување државјанство, додека прашањата поврзани со подобрувањето на системот за интеграција или мерките насочени кон раната интеграција ќе треба да се протегаат низ сите области. Останатите детали од документот „Предлог нацрт стратегија за интеграција на бегалци и странци ‎2017 – 2027“   прочитајте ги ТУКА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.