Стратегијата на СДСМ е жесток притисок врз Судот и затрупување со пријави без докази

Работите се очигледни и луѓето тоа го гледаат. Она што е интересно е фактот што во последно време имаме серизно вршење на притисок од страна на СДСМ врз судството и судиите, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при гостувањето во Дневникот на ТВ Сител.

Груевски нагласи дека тоа е многу загрижувачки, тоа е нова фаза на работењето на СДСМ.

Видоа дека со СЈО не можат да ги завршат работите што ги наумиле, преку СЈО да дојдат на власт, видоа дека судовите почнаа да реагираат соодветно, согласно законот, согласно моралните, законските и етичките норми и сега тргна на еден силен притисок врз судството, на различен начини. Еден од начините со кои што вршат притисок е тоа што доставуваат огромен број на пријави кои што немаат никаков доказен материјал, знаат дека ќе им бидат одбиени и тоа е воројатно и целта, да направат една долга листа на одбиени такви пријави од Судот и да го компромитираат подоцна Судот дека Судот им ги одбива сите или најголемиот дел од пријавите. Тоа е дополнителен начин на правење на притисок врз судството, рече Груевски.