Стратегијата на Заев и СДСМ е да и наштетат на економијата

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на денешната прес-конференција рече дека стратегијата на СДСМ е наштетување на економијата.

– Веројатно дел од стратегијата на опозицијата и на Заев веројатно е овој добар тренд на македонската економија да биде нарушен, бидејќи македонската опозиција долги години уште пред Заев работи по тој принцип, колку полошо на луѓето и на економијата, толку подобро за нив. Тоа е еден лош пристап, полкитички, да речам и кој што на крајот граѓаните го казнуваат на избори, меѓутоа тоа е нивниот пристап и не е променет, рече Ставрески.