Стратегијата на западот е изолациј на Русија

Американската стратегија за кризата во Украина е обелоденета на турнеја по Европа на Обама. Се се сведува на едно – комплетна изолација на Русија, пишуваат медиумите.

Дали ваквата стратегија на Белата куќа е успешна, ќе се знае наскоро. Обама на одбележувањето на 70 години од истоварувањето на сојузниците во Нормандија нема да се средне со рускиот претседател, но очигледно сеуште не може да ги спречи европските лидери да се сретнат со Путин.

„Дејли Телеграф“  со шега забележува дека , Франсоа Оланд, претседателот на Франција, сигурно нема да остане гладен, бидејќи ќе имаат две одвоени вечери, една со Обама и друга со Путин. Закажана е средба со рускиот претседател и Дејвид Камерон, британскиот премиер, а покрај Путин на прославата во Нормандија требало да седи Ангела Меркел, германската канцеларка, што сигурно ќе биде прилика за размена на по некоја реченица за Украина.

Американските медиуми шпекулираат дека, макар и случајно би можеле да се вкрстат стазите на Путин и Обама и шпекулираат за тоа како тие би се поставиле во таа прилика.

Со оглед на последните изјави и на едниот и другиот, се чини дека на простор за дијалог во овој момент баш нема. Путин инсистира на осуда на власта во Киев и нивните офанзиви на проруските сепаратисти на истокот на Украина, додека Обама ја обвинува администрицаијата на Русија за дотурање на оружје и луѓе на помош на бунтовниците. Ваквите спротивставени ставови се проследени со најава на јакнење на источното крило на НАТО и воена помош во Украина, Молдавија и Грузија.

Од британското Министерство за надворешни работи вчера стигна сега најострата британска осуда на Русија. Лондон го обвинил Кремљ дека ги подгрева немирите на истокот на Украина со „лавина дезинформации“. Тоа можеби е првиот поен на Обама на оваа турнеја, коментираат медиумите.