Заев: Стратегијата за проширување главна тема на средбата со Могерини

Најважна новост за државите од Западен Балкан во 2017 година беше најавувањето на Стратегијата за проширување на ЕУ на претседателот на Европската Комисија, Жан Клод-Јункер, објави на својот официјален фехсбук профил премиерот Зоран Заев со колегите од земјите од Западен Балкан во понеделникот вечерта во Брисел присуствува на неформален состанок на покана на високата претставничка за заедничка надворешна политика и безбедност на Европската унија, Федерика Могерини.

Во врска со посетата на Брисел, на својот официјален фејсбук профил, премиерот Зоран Заев објави дека на средбата било констатирано оти лидерите од регионот ја гледаат 2018 година како клучна за голем исчекор на сите држави од регионот во пристапувањето кон ЕУ, но и за интензивирање на регионалната соработка со максимална поддршка на инструментите на ЕУ.

„Најважна новост за државите од Западен Балкан во 2017 година беше најавувањето на Стратегијата за проширување на ЕУ на претседателот на Европската Комисија, Жан Клод-Јункер. Токму стратегијата и нејзините клучни одредници беа главна тема на дискусија“, наведено е на фејсбук профилот на македонскиот премиер.

Во рамки на објавата се нагласува и дека сите држави од Западен Балкан треба да гледаат на оваа Стратегија како на јасен сигнал кон нив за нивната европска перспектива и дека секоја од државите од Западен Балкан треба да напредува на патот кон ЕУ врз основа на напредокот кој го покажува во реформите во клучните области.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.