„Стратфор“: Можни се нови предвремени избори во Грција

Во Грција можни се нови предвремени избори или референдум, бидејќи во следните месеци Владата во Атина ќе биде изложена на уште поголем притисок, прогнозира американската агенција за стратешки истражувања „Стратфор“, објави МИА.

Анкетите покажуваат дека нова грчка Влада останува исклучително популарна, но исто така и дека Грците сакаат земјата да остане во еврозоната. Но, за тоа СИРИЗА не може да ги исполни двата услови без да направи компромиси.

Во исто време високи грчки претставници изјавија дека ќе се распише референдум на кого граѓаните ќе гласаат за иднината на Грција, ако не се постигне договор со меѓународните кредитори.

„Стратфор“ оценува дека веројатноста за референдум или за предвремени избори во Грција е поголема отколку во 2011 година, кога поранешниот премиер Јоргос Папандреу предложи референдум. СИРИЗАпобеди на изборите за да преговара за долгот на Грција, за да стави крај на економските мерки и да ја задржи земјата во еврозоната.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.