Страв од дефлација во Европа

Во Франција во јули се бележи пад на цените во однос на јуни, што ја зголемува загриженоста за ширење на дефлацијата во Европа.

Цените по три месеци стабилност, паднале за 0,3 отсто, соопшти францускиот Институт за статистика и економски студии (Insee).

Индексот на потрошувачките цени од јули 2013 година до јули 2014 годинапораснале за 0,5 отсто.

Франс прес пренесува дка Геманија денеска ја потврдила годишната стапка за инфлација за јули и таа изнесува 0,8 отсто ште е на најниско ниво од февруари 2010 година, а во Португалија веќе има дефлација.

Insee неведува дека во Франција во текот на летото вообичаена е тенденцијата за намалување на цената на зеленчукот, овошјето, облеката, додека пак, растат цените туристичките услуги.