Страв од ебола во Грција

Здравствените власти во Грција објавија тревога поради појавата еболата, која досега ги однесе животите на над 800 лица во земји во африкански земји.

Тревогата беше официјално објавена по вонредното советување во грчкото Министерство за здравство со учество на претставници од центрите за контрола на заболувањата.

Властите во Грција очекуваат најнови укажувања од Женева по тридневното советување на Светската здравствена организација (СЗО).

Експерти во Атина го оценуваат како низок ризикот од пренесување на вирусот во Грција, но и покрај тоа препорачуваат да бидат преземени засилени превентивни мерки.

По појавата на ебола во реонот на Грците им беше советувано да не патуваат во Западна Африка, освен ако тоа не е апсолутно неопходно.