Свет

Страв од ебола во Велика Британија

Страв од ебола во Велика Британија

Британскиот кризен комитет познат како „Кобра“ ќе заседава заради предупредувања дека смртоносниот вирус ебола би можел да биде сериозна закана за Велика Британија, пренесоа медиумите.

Новиот шеф на британската дипломатија Филип Хамонд рекол дека засега ниеден Бритаенц не е заразен со вирусот, но дека е неопходно сериозно да се одговори на сите закани.

Последниот бран на ебола, најсмртоносниот досега, однел повеќе од 670 животи во Сиера Леоне, Либерија, Гвинеја и Нигерија. Со вирусот се заразени и еден американски лекар и една мисионерка во Либерија.

„Еболата е потенцијално голема закана за земјата заради големата поврзаност на светото во 21-виот век“, рекол главниот советник за наука и здравје сер Марк Волпорт.

Директорот на заводот за јавно здравје на Англија рекол дека моментално постои ризик за патниците и работниците во загрозените земји многу низок, но дека лекарите мора да бидат внимателни и да забележат било какво „необјасниво“ разболување.

Еболата е хеморагична грозница која во најновото избивање ја погоди Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја. Минатата недела е регистриран првиот смртен сучај во Нигерија.

Според податоците на Светската здравствена организација во последниот бран на ебола, кој трае веќе со месеци, до 20-ти јули се регистрирани 1093 случаи на болеста, вклучувајќи 672 со смртен исход.

Смртноста на заразените со ебола е дури 90 отсто, а за болеста нема познат лек, ни вакцина. Симптомите се силна грозница, болки во мускулите, повраќање, дијареја, а во некои случаи и откажување на поединични органи и незапирливо внатрешно инадворешно крварење. За нивно развивање понекогаш е потребен и 21 денови од заразата.