Страв од нови напади на исламистите во Турција

Откако 30 лица беа убиени при вчерашниот бомбашки напад во Суруч, турскиот премиер Ахмет Давутоглу, денес порача дека ќе ја зголеми безбедноста долж границата со Сирија.

Според полицијата експлозијата била предизвикана од жена бомбаш самоубиец од Исламската држава.

„Турција ги презема сите неопходни мерки во борбата против Исламската држава и со тоа ќе продолжи. Соочени сме со терористички акт и имаме намера да ги најдеме и казниме оние кои се одговорни за овој напад“, изјави Давутоглу.