Свет

Стравот поради Украина ја поскапе нафтата

Стравот поради Украина ја поскапе нафтата

Терминските цени на нафтата поскапеа откако Украина прогласи општа воена мобилизација и ја обвини Русија за воена инвазија.

Еден барел американска „лесна“ нафта за испорака во април на Трговската берза во Њујорк поскапе за 1,14 долари на 103,73 долари за барел, додека истата количина северноморска нафта од типот „брент“ за испорака во април на пазарот во Лондон чинеше 110,69 долари, односно 1,62 долари повеќе за разлика од крајот на минатонеделното тргување.

Горниот дом на рускиот парламент му даде одврзани раце на претседателот Владимир Путин да испрати сили на Крим, полуостров во југоисточниот дел на Украина населен претежно од население кое говори руски јазик.

„Бидејќи Украина е еден дел од синџирот на снабдување со нафтата ’брент’ очекува цените на тој вид да забележи пораст“, рекол пазарниот аналитичар, Џезмонг Чуа.