Стравуваа од хорор кога исчезна со детето, а таа се премажила

Дваесет и седумгодишната Билјана Савиќ и нејзината две и пол годишна ќерка Анастасија се пронајдени од страна на полицијата во Вршац, осум дена од денот на нивното исчезнување.

Во соопштението на полицијата се вели дека жената не е жртва на кривично дело и дека доброволно се преселила во друг град.

Нејзиниот невенчан сопруг Бојан Милојевиќ вели дека полицијата го известила дека ја пронашле Билјана и дека неговата ќерка е добро.

– Тие ми кажаа дека се премажила и дека нашла работа. Таа доброволно отишла во Вршац, а зошто го сторила тоа само таа знае, вели Бојан кој додава дека сето ова го прифатил со леснотија кога дознал дека неговата ќерка е добро.

Следно за решавање е проблемот за старателство на малолетно дете.