четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 87

Стравувањата за губење на депозитите во банките е смислено сценарио на СДСМ, но без ефект- нема простор за паника

Стравувањата за губење на депозитите во банките е смислено сценарио на СДСМ, но без ефект- нема простор за паника, вели Никола Груевски во интервјуто за Телеграф.мк.

Pari-denari

Поврзани вести

Стравувањата за губење на депозитите во банките е смислено сценарио на СДСМ, но без ефект- нема простор за паника, вели Никола Груевски во интервјуто за Телеграф.мк.

На прашањето дека има страв кај граѓаните од штедење во банките, и колку е тоа реално, Груевски вели:

Истата операција за која зборувам се обидоа да ја прават и преку два други метода. Притисок врз банките да не купуваат државни обврзници, иако тоа е и од нивна корист, и вештачко и без основа создавање хистерија меѓу населението за преку создавање психоза да го натераат да си ги повлекува депозитите од банките, што покрај директниот притисок, некогаш и јавен, исто така влијае на банките во правец на задржување на средствата што ги планирале за купување државни записи, затоа што им требаат пари да ги исплаќаат извлекувањата на депозитите.

И овде најголем губитник пак се граѓаните, затоа што многу загубија на камати, поради прекин на орочените депозити, но кој во СДСМ се грижи за граѓаните. Гувернерот на НБРМ деновиве изјави дека граѓаните со ова извлекување на парите загубиле околу четири милиони евра, верувајќи им на шпекулациите на СДСМ.

Инаку, дел од банкарите подлегнаа на притисокот. Не толку на оној јавниот, колку на приватниот, како што е објавувањето приватни снимки за некои од нив.

Јас вака ќе им порачам на луѓето од СДСМ: многу напор, а никаков ефект за нив. Многу проблеми за гласачите, за народот, ама гневот наместо кон нас отиде кон нив. Тоа го гледам низ истражувањата на јавното мислење кои ги правиме во овој период, кој е период во кој СДСМ пополека, но континуирано дополнително ја губеше својата поддршка кај народот, а со иста динамика растеше довербата кон ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е затоа што луѓето веќе разбираат сè.  И не може еден тип како Заев да ги прелаже, колку и да мисли тој дека може. Гледаат луѓето и сè следат. Можеби може на краток рок нешто да ги измами, но набрзо сè се открива. Па потсетете се, пред секои избори СДСМ креира психоза дека ќе има девалвација. И во 2008 и во 2011 и во2014 година беше исто.

Од СДСМ јавно зборуваат дека ако дошле на власт минималната плата ќе ја направеле 200, а просечната 500 евра, а барем цела Струмица, ако не и пошироко знаат колку плата нивниот претседател им дава на своите вработени во неговите приватни фирми.

Најчитани вести