Стразбур по ПСЖ го урна и Бордо

Откако во минатото коло сензационално го совладаат Парис Сен Жермен, фудбалерите на Стразбур во 11-то коло од Француската лига на гости славеа и против Бордо со 3:0.

Стразбур до нтовата изненадувачка победа дојде со головите на Стефан Баокен во 2, Димитриј Лиенар во 38 и Мартен Териер во 64 минута.

Со двете победи во низа и 21 бод Стразбур се искачи на 11-то место и има сега бод повеќе од 12-пласираниот Бордо. Стразбур оваа година се врати во елитното француско натпреварување.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.