Стражарот на Аушвиц, Грунинг доби тужба со 300.000 обвиненија

Судот во Лјунебург утврди дека има доволно докази против Оскар Грунинг (93) за да покрене судски процес. Против него има покренато 300.000 обвиненија за учество во убиства додека бил стражар во концентрациониот логор Аушвиц.

Судењето на Грунинг треба да почне на почетокот од идната година, но се уште не е прецизиран датумот.

Грунинг тврди дека додека бил стражар во логорот Аушвиц бил сведок на тортура и убиства, но дека тој лично не извршил ниту едно кривично дело.

Според обвинителите Грунинг го помагал нацистичкиот режим на економски план и во систематското убивање на луѓе. Тој во Аушвиц бил одговорен за облеката украдена од депортираните во логорот.

Околу 50 преживеани од логорот Аушвиц поднеле колективна тужба против Грунинг.