Стрезовски: Македонско- турска компанија отвора 100 нови работни места во Ресен

Македонско – турска компанија ќе отвори нов капацитет во Преспа со 100 нови вработувања, рече градоначалникот Ѓоко Стрезовски на денешниот состанок посветен на проектот „Купи куќа, купи стан“, на кој присуствува и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Во однос на проектот „Купи куќа, купи стан“, Стрезовски најави дека Ресен ќе обезбеди околу 120 парцели за проектот.

Говорејќи за развојот на индустриските зони, Стрезовски посочи дека македонско – турска компанија ќе отвори нов капацитет во Преспа со 100 нови вработувања. Во контекст на тоа, додаде дека има заинтересирано уште една италијанска компанија која ќе овозможи 35 вработувања, како и една грчка фирма која ќе отвори 10 до 15 работни места.

Се развиваат и индустриските зони „Преспа текст“ и „Макази“. Во „Макази“ веќе работи „Еплленд“, а има интерес од инвеститори и за втората парцела. Во „Преспа текст“ 20-тина компании веќе работат, а таму ќе почнат со градба и други компании, рече Стрезовски.

Информира за компаниите во „Преспа текст“ каде, како што рече, 22 компании работат, две планираат проширување на капацитетите, а изминатиов период биле продадени седум парцели.