Стрезовски: СЈО е инструмент во рацете на Зоран Заев

Битолскиот градоначалник Владимир Талески е чесен и искрен градоначалник, рече  градоначалникот на Општина Ресен Ѓоко Стрезовски на прес-конференција и изрази уверување дека тој наскоро ќе биде ослободен.

Според градоначалникот на Ресен, Специјалното јавно обвинителство-СЈО е инструмент во рацете на лидерот на СДСМ и на сите оние кои што не и мислат добро на Македонија.

Тоа што деновиве се случува во Македонија посочува дека СЈО како инструмент на СДСМ, Зоран Заев и на чадорот, работи на тоа да го повлече целокупниот правосуден систем во Република Македонија. Убеден сум дека граѓаните на Македонија тоа нема да го дозволат. Тие докажаа дека сакаат дела, професионалност и стручност, а не фарбање на сето тоа што Владата на Никола Груевски го направи и сеуште прави, рече Стрезовски на прес-конференцијата во Битола.