Странски наставници силувале ученици во елитно меѓународно училиште

Полицијата во Џакарта истражува четири странски наставници од престижно меѓународно училиште, сомничејќи ги за сексуално злоставување на децата.

Во истото училиште чистачите се осомничени за силување на шестодишно дете. Еден од нив извршил самоубиство во притвор минатиот месец.

Случајот кој е откриен оваа година ја шокраше земјата.

Четворицата срански  наставници ги обвинила една ученичка, тврдејќи дека сексуално ја злоставиле. Извештајот е поднесен до полицијата која го истражува целиот случај, рекол шефот на полицијата во Џакарта.

Имиграцискиот оддел во Џакарта соопштил дека поради повреда на работната дозвола, ќе бидат депортирани наставниците од меѓународното училиште, вклучувајќи ги и четворицата осомничени.

Но, полицијата бара до завршувањето на истрагата наставниците да бидат задржани во земјата.