Стротман ја завршува кариерата ?!

Поранешниот лекар на Рома Марио Броци верува дека кариерата на Кевин Стротман е завршена поради повреда.

Холанѓанецот во март минатата година доживеа тешка повреда на лигаментите на коленото поради која го пропушти Светското првенство, се врати на теренот во ноември, но повторно ќе мора на операција.

“Мојот впечаток е дека операцијата не успеала. Не гледам начин на кој тој ќе му се врати на фудбалот, но не е мое јас да кажувам дали е потребна уште една операција”, изјави Бороци.

Стротман има само 25 години, минатата сезона се издвои како еден од најдобрите играчи за врска во Европа, а во текот на летото се шпекулираше за голем трансфер во Манчестер Јунајтед.

Кариерата ја почна во Спарта од Ротердам, потоа играше за Утрехт и ПСВ, а токму од овој тим пристигна во Рим во 2013-та година.

За селекцијата на Холандија одигра 25 мечеви и постигна три голови.