Стршленот во Кавадарци не бил азиски

Стршенот што го пронајде кавадаречкото семејство за којшто имаше сомневања дека е азиски, бил обичен.

Верица Клинчарова, биолог во Службата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во Кавадарци при Центарот за јавно здравје Велес изјави дека тоа денеска го потврдиле резултатите од анализата направена на Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде бил препратен инсектот.

„ Ние уште вчера откако го видовме инсектот рековме дека првичните согледувања говорат оти не станува збор за опасниот азиски стршен. За секој случај го однесовме во Скопје каде што само се потврди нашето мислење“, рече Клинчарова.