Македонија

Стручно и практично образование против невработеноста кај младите

Стручно и практично образование против невработеноста кај младите

Македонското- Германското стопанско здружение во партнерство со фондацијата Конрад Аденауер и занаетчиската комора на Р.Македонија, во соработка со германската амбасада во Македонија денеска организираа тркалезна маса на тема: „Стручното и практично образование против невработеноста кај младите лица“.

На настанот беше презентиран образовниот систем во Германија со посебен акцент на стручното и практично образование во земја каде што економскиот развој е на завидно ниво како и стручноста на кадрите.

-Со овој систем во кој е вклучено повеќегодишно практично работно искуство во фирми и институции паралелно и посета на образовни установи на идните кадри им се дава можност уште за време на своето 3 годишно стуручно школување да стекнат практично работно искуство, кое нив им овозможува целосна  подготовка за настап на пазарот на трудот, а воедно претставува предност и за компаниите при вработувањето на млади лица кои се веќе остручени- соопшти Мартин Кнап, Мартин Кнап, Директор на германска стопанска комора во РM.

-Pазвојот на Стручното образование и обука во Република Македонија во последно време привлекува се поголемо внимание како од страна на политиката така и од пошироката јавност. Значењето на овој дел од системот на образование е големо, посебно неговите реформи и унапредување претставуваат фактор за справување со еден од поголемите предизвиците на паразот на труд , а тоа е секако недостигот на квалификуван кадар со потребни практични вештини и компетенции. Спроведувањето на практична обука на ученици од средните стручни училишта кај работодавачите е дефинирана со одредени законски документи, но за жал сè уште не се имплементира во потребниот обем-изјави Оливија Тасиќ Штеријова, Директор на занаетчиска комора во РМ.

За веќе посточеки практики на компании во  РМ се обрати и Велимир Петровски од компанијата Кнауф Радика која има повеќе годишно искуство со воведување иницирање на паралелка во градежното училиште за обучување на кадар кој ќе работи со кнауф.

Приказ на практичното едуцирање на кадар во Германија  даде Барбара Гербер, раководител на сектор за практична едукација од фирмата Дрекслмаер.