„Струен удар“ за нелегалните приклучоци во дистрибутивната мрежа на ЕВН

Од почетокот на годината до сега екипите на ЕВН Македонија и полицијата во тетовскиот и гостиварскиот регион откриле над 400 корисници кои се приклучиле нелагално на дистрибутивната мрежа. Половината од нив им поверувале на измамниците дека за помалку пари ќе ги приклучат на мрежата па сега ја плаќаат цената на „наивноста“. Ова кршење на законот корисници ги чини скапо, зошто остануваат и без приклучок, ќе платат високи сметки за неовластено користење на електричната енергија, а судот може да пресуди и затворска казна во траење до 5 години.

Скоро сите кражби биле откриени во тетовските и гостиварските села. Корисниците со асистенција на измамниците или самостојно ги префрлувале старите броила на новите куќи но без официјално барање до ЕВН Македонија кој е овластен дистрибутер на електрична енергија.

Во овие региони не постои планска документација, поточно Детален урбанистички план или Урбанистички план за села или за вон населени места. Корисниците без одобренија за градба, или решенија за легализација самите си поставувале броила и се приклучувале на мрежата. Овие потрошувачи најчесто се подучувани, т.е. манипулирани од трети лица најчесто приватни електричари кои неофицијално за услугите заработувале од 500 до над 2000 евра.

Од ЕВН Македонија апелираат во никој случај корисниците да не се одлучуваат на вакви чекори. Треба да се почитува процедурата за нов приклучок која ја има ЕВН, а е одобрена од Регулаторната комисија за енерегетика на Р. Македонија. Чекорите до нов приклучок се едноставни и најважно од се легални, вели Атанас Ковачевски портпарол на ЕВН Македонија.

Откако корисникот лично ќе го поднесе барањето во Корисничкиот енерго центар на ЕВН, се излегува на терен, се изготвува техничко решение, Решение за согласност за приклучок, Договор за приклучок и Пресметка за надоместок за приклучување. Откако корисникот ќе го прифати договорот и ќе ги плати средствата на жиро сметките на компанијата ќе почне изведувањето на приклучокот, вели Ковачевски. Ништо корисникот не плаќа во „кеш“ се се плаќа на сметки за да нема никакви манипулации, додава Ковачевски.

Поставувањето на нов приклуок без согласност од ЕВН Македонија е кривично дело кражба. За крадците на електрична енергија според Закон следува пресметки за неовластено користење во висина и над 20 000 евра како и кривични пријави и можна казна затвор до 5 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.