Струга домаќин на 10-то Советување за водостопанство и хидротехника

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири се обрати на отварањето на 10-то Советување за водостопанство и хидротехника, кое денес и утре ќе се одржува во Струга. Советувањето е во организација на Здружението Македонски комитет за големи брани чиј председател е проф. д-р Љупчо Петковски. На советувањето со свои презентации ќе се претстават еминентни домашни и странски професори и стручни лица за да разменат мислења, но и да дадат иницијативи за актулни теми во областа.

-Спроведување на значајни проекти во подобрувањето на управувањето со водните ресурси, создаваат услови за подобра заштита на животната средина и подигнување на стандардот на живеење на граѓаните во нашата земјата. Kaко министер за животна средина и просторно планирање, не можам, а да не напомнам дека соодветното управување со водните ресурси, претставува основен универзален услов за економски развој на една земја или регион – истакна министерот Изаири во воведното обраќање.

Според зборовите на проф. Љупчо Петковски се очекува Десеттото советување за водостопанство и хидротехника покрај успешни презентации и дискусии да понуди и плоден трансфер на знаења.

На Советувањето ќе бидат презентирани триесет и два труда, а истите се отпечатени во Зборникот на трудови.