Струга се гуши од неспособноста на Рамиз Мерко, Зијадин Села и Садула Дураку

Граѓаните на Струга од сите вери и етникуми мора да трпат поради неспособноста на локалните кадри на ДУИ и Алијансата на Албанците, кои освен етничка реторика, немаат решение за буквално ниту еден комунален проблем во општина Струга.

Струшките противпожарни екипи и локалното население водат битка со пожарот кој се појави во депонијата во Струга. Целиот град е во чад од пожарот кој почнал денеска претпладнето.

Струшката депонија е долгогодишен проблем кој не е решен од градоначалниците. Ниту новиот министер без ресор Рамиз Mерко, кој долго години беше струшки градоначалник, ниту пак коалициониот партнер на СДСМ Зијадин Села не го решија проблемот со депонијата. Дополнително, и во мандатот на Mерко, и во оној на Села, министер за екологија беше човек од редовите на ДУИ.

Поради ветерот пожарот се шири по должина на депонијата, која се наоѓа на 500 метрi од градот и чадот ја има опколено Струга. Пожарот се случи додека денеска во Струга беа министерот за животна средина Садула Дураку и министрите без ресор Зоран Шапуриќ и Рамиз Мерко, кои не најдоа решение за депонијата.

Револтираните стружани кои се гушат во чад од неспособноста на Мерко, Села и Дураку прашуваат каде е решението за депонијата во Струга и зошто на почетокот на туристичка сезона е овој пожар на депонијата и оваа грда слика?

Револтираноста на граѓаните доаѓа и од таму што ниту Мерко, ниту пак Села направија инфраструктурни проекти за градот. Ниту водоводи и канализации, ниту пак асфалтирање на улици, двајцата зад себе не оставија ништо капитално со што би го подобриле животот на жителите.

Граѓаните на Струга од сите вери и етникуми мора да трпат поради неспособноста на локалните кадри на ДУИ и Алијансата на Албанците, кои освен етничка реторика, немаат решение за буквално ниту еден комунален проблем во општина Струга.