Струјата поевтинува за домаќинствата за 0,25 отсто

Регулаторната комисија за енергетика на подготвителната седница одржана во четвртокот  ги разгледа предложените одлуки за нови регулирани цени и тарифи за електрична енергија кои ќе важат од 1 јули годинава и притоа донесена е одлука од 1 јули цената на електричната енергија да поевтини за 0,25 отсто.

Регулаторната комисија за енергетика на денешната подготвителна седница ги разгледа предложените одлуки за нови регулирани цени и тарифи за електрична енергија кои ќе важат од 1 јули годинава.

Со нив се предлага зголемување на производствената цена на ЕЛЕМ за 0,05 отсто во однос на сегашната цена. На преносниот оператор МЕПСО тарифата за пренос му се намалува за 6,3 отсто.

Кај  ЕВН-Електро дистрибуција тарифата се намалува за 5,89 отсто, додека кај ЕВН-Снабдување наместо бараното зголемување за 6 отсто се одобруваат само 0,1 отсто.

Според пресметките на Регулаторната комисија, овие промени во тарифите ќе резултираат со намалување на просечната цена за крајните потрошувачи на регулираниот пазар, односно домаќинствата за 0,25 отсто во однос на досегашната цена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.