Струмица и Василево денеска без вода за пиење

Поради дефект на главната водоводна линија која ги снабдува корисниците од регионалниот водовод од брана Турија, без вода за пиење денеска ќе останат корисниците од општините Струмица и Василево.

Од Центарот за управување со кризи информираа дека без вода ќе бидат целиот град Струмица и селата Добрејци, Дабиле, Градско Балдовци, Баница и Просениково и селата Василево, Градошорци, Ангелци и Едрениково.