Струмица: Татко ја киднапирал својата двегодишна ќерка

Струмичката полиција  поднесе кривична пријава против Ѓ.И.(27) од Струмица, за сторено кривично дело „одземање малолетник“.

Како што информираат од полицијата, на 25 ноември, во 8.30 часот, во градинката „Детска радост“ пријавениот со употреба на физичка сила од поранешната сопруга насилно ја одзел нивната двегодишна ќерка.

Потоа ја ставил во неговото патничко возило „бмв“ и заминал во непознат правец.

Пријавениот по завршување на бракоразводната постапка бил незадоволен од донесеното решение на Центарот за социјални работи со кое ќерката била доделена на чување на мајката.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на пријавениот.