Струмица: Татко префрлил средства од општината на здружение основано од неговиот син

Во Општина Струмица, таткото префрлил средства од општината на здружение основано од својот син.

По вчерашните објавени документи и податоци во јавноста, кои го обелоденија сомнителното работење и префрлање на средства од Општина Струмица кон здружение основано токму од градоначалникот на Струмица и претседател на СДСМ Зоран Заев, денеска објавуваме нов сомнителен трансфер на средства од Општина Струмица кон Здружението „Новус“ како поддршка за невладиниот сектор.

Општина Струмица преку програмата за поддршка на Локалниот економски развој (ЛЕР)  G1 и V2 распишува јавен конкурс за доделување на грантови на здруженија. Конкурсот го води Секторот за Локален економски развој.

Станува збор за Здружението Новус, кое е основано јануари 2013 година, непосредно пред да биде објавен овој конкурс. Како еден од основачите се јавува Ѓорѓи Милушев, син на Тони Милушев, кој пак е актуелен раководител на Секторот за Локален економски развој при Општина Струмица.

Според информациите кои се објавени на веб страната на Општина Струмица, може да се забележи дека токму здружението Новус е еден од добитниците на грант во вредност од 120.000 денари  за реализација на проект „Препознавање и борба против говорот на омраза“.

По скандалозните тендери кои што Општина Струмица ги склучувала со фирми од семејството Заеви, како и вчера објавените документи за префрлување на средства од Општина Струмица  кон здружение основано лично од Зоран Заев, сега средства преку општината се префрлувале и на сметката на здружението Новус, чиј основач е синот на раководителот на Секторот за Локален економски развој Тони Милушев, сектор преку чија програма се распределувале грантовите.

Во неколку наврати досега, во медиумите се говореше за исти или пак слични случаи на класичен непотизам, кога парите на граѓаните од Општина Струмица завршувале на сметки од фирмите или здруженијата блиски до функционерите од локалната самоуправа во Струмица раководена од СДСМ, почнувајќи од градоначалникот Зоран Заев, директорот на ЈПКД Комуналец, пратеникот Панче Орцев, а сега и на сметката на синот на раководителот на Секторот за Локален економски развој, Тони Милушев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.