Струмичанец го снимал сексот со малолетничка, видеото го пратил на татко ѝ

Триесетдневен притвор заработи струмичанец, откако снимил порнографско видео со малолетничка, а истото го објавил на совијалните мрежи, па дури го пратил и до таткото на девојчето.

Основното јавно обвинителство – Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение за сторено кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија.

Осомничениот, со својот мобилен телефон, без согласност снимал малолетно лице додека воделе љубов. Притоа, снимените клипови ги направил достапни преку средства за масовна комуникација: Фејсбук, Месинџер и Инстаграм, а фотографиите и видеата со порнографска содржина ги испраќал и до таткото на оштетената, како и до други лица.

Поради опасност од бегство на осомничениот, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка во Основен суд – Струмица поднесе барање и за определување на мерка Притвор.

По спроведената постапка, судијата определи мерка Притвор во траење од 30 дена.​