Струмичанец осомничен за силување

Момче од струмичкото село Сачево е осомничено дека силувало жена, информираше МВР.

Полицијата против осомничениот Т.Т. (25) поднела кривична пријава за силување.

Според полицијата, силувањето се случило на 22.09.2017 година околу 10 часот во Струмица. Осомничениот со употреба на физичка сила извршил полови дејствија над Д.С., која го пријавила силувачот.