Струмичанец подметнал пожар во Центарот за зависници

36-годишен струмичанец доби киривична пријава поради нсомнение дека на 22 февруари околу 01 часот,  насилно влегол во кругот и просториите на Дневниот центар за лекување и превенција од опијати „Свети Елисавета“ во Струмица, по што подметнал пожар кој подоцна се проширил низ целата просторија и ја зафатил вратата од соседната просторија каде се чува метадонската терапија.

Според МВР, тој насилно влегол и во просторијата на лекарот, ја извадил медицинската документација, дел од неа фрлил по подот и ја запалил,  а дел ја запалил во самиот шкаф.