Струмичанец загина во сообраќајка

Четириесет и едногодишниот Лазар Л., од струмичкото село Борисово со автомобил „голф“ излетал од патот, удрил во ограден ѕид од куќа. Од ударот возилото се одбило и паднало во канал за наводнување.

Возачот починал на самото место. Увид на лице место извршил јавен обвинител и екипа од СВР Струмица и се утврдуваат причините за несреќата.