Струмичани чекаат Заев да си ги исполни ветувањата

Лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев им ветува се и сешто на струмичани, но кога ќе дојде време да ги реализира своите ветувања, никаде го нема.

Струмичката Телеканал А1 објавува дека само мал дел од ветувањата на Заев кои останаа неисполнети се 30 фабрики, 3.000 нови работни места, градинки и нови булевари.

Струмичани се уште ги чекаат ветените детски градинки, со кои Заев трчаше по глас повеќе на локалните избори.

Незапочнатите, а ветени детски градинки, секоја година се одложуваат за следната. Градоначалникот на митинзите и социјалните мрежи тогаш ја објавуваше нивната реализација, но засега нема ниту една видлива активност, објавува струмичката телевизија.

Дечињата немаат основни услови за предучилишна настава, а нивните родители се загрижени и бараат одговори од Заев, кој пред локалните избори им ветил не една, туку повеќе нови градинки.

Граѓаните бараат одговори од градоначалникот на Струмица, но тој од Скопје тера политичка кампања заборавајќи на своите обврски и должности.

Целиот прилог на Телеканал А1 погледнете го во продолжение: