Струмичани мака мачат со голомразицата- отсечени населени места, жителите се снаоѓаат сами!

Ниските температури во земјава ги замрзнаа патиштата. Состојбата на патиштата е доведена под контрола, но голем дел од улиците во Струмица се уште се непроодни, замрзнати и неисчистени, пишува „Курир“.

Слаб снег провејува на планинскиот превој Стража, во Маврово и Смојмирово. Се уште е во сила забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

ЈП Македонијапат информира дека нејзини дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни и апелира внимателно да се вози и брзината да се прилагоди кон условите на патот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.