Македонија

Струмичани револтирани: Градот се дави во диви депонии, Заев го нема никаде

Струмичани револтирани: Градот се дави во диви депонии, Заев го нема никаде

Нова депонија никнува среде Струмица, а општината и градоначалникот Зоран Заев седат со скрстени раце, велат незадоволни граѓани од негрижата на градоначалникот и општинската администрација, пренесува „Курир“.

strumicani-revoltirani-gradot-se-davi-vo-divi-deponii-zaev-go-nema-nikade-1

-Ова е потенцијално жариште на заразни, преносливи болести и најголема опасност за малите деца. На овие високи температури не е прашање дали, туку кога ќе никне некој заразна епидемија. На само неколку стотина метри има куќи и во непосредна близина има основно и средно училиште. Не се работи само за локален проблем, туку за здравјето на стотици струмичани. Фрапантно е што оваа депонија на смет и ѓубре е на само неколку стотина метри од центарот на градот и штом ова се случува тука може да замислите каква е сликата и во другите делови на Струмица. Додека Струмица се дави во купишта смет, Заев и неговата администрација ја нема никаде, велат струмичани.

strumicani-revoltirani-gradot-se-davi-vo-divi-deponii-zaev-go-nema-nikade-3

Струмичани се едногласни дека секојдневно се сведоци на негрижата и несовесниот однос кој Заев ги покажува за нивната општина и потенцираат дека крајно време е Струмица да добие градоначалник кој ќе се грижи за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

-На Струмица и треба градоначалник што решава проблеми, а не што создава. Затоа Заев треба да си поднесе оставка и да има избори оваа есен, додаваат незадоволните граѓани од Стумица.