Струмичанка завршила во болница откако била нападната од жена со бебе

Осумдесетгодишната Р.М. била нападната од зад грб од непозната жена, која и ја одзела чантата и избегала, во инцидентот на улица „24 Октомври“ во Струмица, што бил пријавен во полиција синоќа околу 21.40 часот.

Р.М. почнала да вика за помош и неколку малолетни лица успеале да ја сопрат сторителката пред да влезе во такси-возило кое било паркирано во близина, по што и ја зеле чантата и и ја вратиле на оштетената.

Сторителката која имала оставено бебе во таксито, го зела детето и го напуштила местото на настанот.

Оштетената забележала дека од чантата и недостасува паричникот, а од нападот се здобила со повреди, по што била пренесена во Јавната здравствена установа-Струмица каде и била констатирана тешка телесна повреда.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.