Струмичанец фалсификувал документи за да добие кредит

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Г.Ф.(38) од Струмица заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“ и „измама при добивање на кредит или друга погодност“.

Пријавениот на 14.05.2014 година, во банка во Струмица при поднесување на барање за кредит во износ од 300.000 денари приложил документи со невистинита содржина-„административна забрана“ дека наводно бил вработен во ЈП „Македонски шуми“-Подружница Беласица во Струмица и на истиот документ ставил штембил и печат од споменатот јавно претпријатие кои не се идентични со штембилот и печатот кои ги користи истото, а во рубриката раководител на правното лице своерачно се потпишал.