Струмичанец нападна полицаец

Четириесет и едно годишен струмичанец вчера во кругот на СВР-Струмица, вербално нападнал полицискиот службеник незадоволен бидејќи не му бил пронајден моторциклот, кој го пријавил за одземен истиот ден. М.Д. бил предупреден да не го нарушува јавниот ред и мир, но тој и понатаму продолжил со нарушувањето и побарал прием кај сменоводителот во ПС.

Откако на М.Д. бил замолен да почека бидејќи имало други странки, тој почнал да го влече за палтото од униформата полицискиот службеник и со тупаница го удрил во пределот на градите и во пределот  на рамото.

М.Д. потоа подлегнал на алкотестирањепо кое било утврдено присуство на алкохот од 1,82 промили. По целосно документирање на случајот против М.Д. ќе биде поднесена кривична пријава.