Македонија,Крими хроника

Струмичанец се обидел да прегази полицаец на должност

Струмичанец се обидел да прегази полицаец на должност

Четириесетгодишниот А.М. од Струмица доби кривична пријава бидејќи нападнал полицаец на должност.

Полицијата на 7. овој месец на местото викано „Авлак“ се обидела да го запре возилото „форд галакси“ управувано од пријавениот, при што тој го стартувал возилото кон полицаецот, поради што истиот испукал неколку предупредувачки куршуми.

По ова, пријавениот продолжил да се движи со возилото во правец кон село Смоквица каде е сопрен и приведен.