Македонија,Крими хроника

Струмичанец загина по удар во сообраќаен знак

Струмичанец загина по удар во сообраќаен знак

Дваесет и седумгодишен струмичанец загина доцна синоќа откако со автомобилот удрил во сообраќаен знак на улицата Климент Охридски во Струмица, информира полицијата.

Според полициските информации, несреќата се случила околу 23,50 часот кога Љупче Г.  Од засега непознати причини изгубил контрола над неговиот автомобил „бмв“ и удрил во сообраќајниот знак и се превртел на кровот.

Во несреќата се повредени и двајца сопатници во автомобилот З.Н. (24) и М.П. (27) кои биле пренесени во струмичкиот медицински центар. З.Н. бил примен со тешки повреди и е задржан на лекување, додека М.П. по укажаната лекарска помош е пуште на домашно лекување.