Струмичани фатени со фалсификувани банкноти

Струмичката полиција поднесе кривична пријава против тројца струмичани,  Т.Л.(19), Д.Т.(21) и Б.А.(23) поради  постоење основано сомнение за сторено кривично дело фалсификување пари.

На 16 март првопријавениот откако ја обезбедил фалсификувана банкнота од 50 евра, со другите двајца се обиделе да купат гориво на бензинската пумпа во Струмица.

Полицијата кај еден од пријавените открила уште шест фалсификувани банкноти.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.