Струмичани конечно добија вода

Вчера во вечерните часови жителите на Струмица и струмичко по 48 часа конечно добија вода. Вчера попладнето конечно беше саниран дефектот на главниот цевковод од браната „Турија“, кој ја носи водата до Филтер станицата.

По санирањето на дефектот следуваше полнење и перење на цвеководот и нормализирање на технолошкиот процес во Филтер станицата. Жителите на градот Струмица и петте населени места Просениково, Добрејци, Баница, Градско Балдовци и Дабиле синоќа конечно добија вода за пиење.

фото: strumicanet.com