Македонија,Крими хроника

Струмичани круимчареле мигранти за 50 евра, заработија притвор

Струмичани круимчареле мигранти за 50 евра, заработија притвор

Фатени во обид да прокриумчарат мигранти без патни исправи, тројца струмичани, од кои еден е во бегство, си заработија 30-дневен притвор.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера тројца струмичани, К.П. (51), М.З. (49), З.П. (29), се фатени на дело како круимчареле мигранти во своите автомобили. К.П. и М.З. се приведени, додека З.П. успеал да избега.

Полицијата соопшти дека завчера, околу 21 часот, по претходно добиени оперативни сознанија за лица и возила со кои се врши криумчарење на мигранти, биле сопрени два автомобили  со струмички регистарски таблички во кои се превезувале седум мигранти од Авганистан.

Првично, биле забележани три автомобили, но едниот, З.П. успеал да избега во непознат правец.

Автомобилите со мигрантите се движеле на улицата Братсво и единство.

Во првиот автомобил  „хјундаи санта фе“ управуван од првопријавениот К.П. се пронајдени четири мигранти без документи за идентификација по потекло од Авганистан, во вториот автомобил „даеву леганза “ кој го возел  М.З. се пронајдени уште три лица од Авганистан.

Од разговорот со лицата полицијата дознала дека станува збор за организирана група која во повеќе наврати на точно определено место ги превземала мигрантите во близина на Ново Село, струмичко, поточно кај село Смоларе, во непосредна близина на границата со Бугарија, каде што засега непознато лице давало инструкции и по претходен договор им ги предавало на пријавените мигрантите  кои потоа ги превезувале до паркот во близина на меѓуградска автобуска станица во Куманово. Од таму ги превземало друго непознато лице  по потекло од Авганистан и истите се префрлувале до села Ваксинце и Лојане,  а понатаму преку Србија во земјите од ЕУ.

За транспортот на мигрантите  пријавените  требало да добијат по 50 евра од човек  кои ќе им биле исплатени веднаш по враќањето во Струмица.

Лицата се приведени, полицијата трага по третиот, а мигрантите се сместени во Прифатен центар.