Македонија

Струмичани реагираат: Градот се дави во проблеми, а Заев брка партиска сцена

Струмичани реагираат: Градот се дави во проблеми, а Заев брка партиска сцена

Веќе тред ден струмичани се пред општинската зграда. Денеска од пред импровизираниот камп го повикаа градоначалникот Зоран Заев да се појави во Струмица, бидејќи како што велат, ја немал посетено многу време и не знаел што се случува во општината.

-Потребно е, ако има доблест, градоначалникот на општина Струмица да се врати веднаш, бидејќи ние во Струмица не сме го ни виделе, а камоли да разговараме за проблемите кои не тиштат. Струмица се дави во проблеми, а тој брка партиска сцена. Сега ако има доблест, наместо да брка партиска сцена потребно е да се врати и конечно да го реализира она што го вети на локалните избори. Од ветеното нема ништо рализирано, велат граѓаните.

Струмичани најавија дека остануваат пред општинската зграда и уште еднаш го повикаа Зоран Заев да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Струмица.

И чуварите на демократијата кои се пред Собранито на РМ во Скопје, добиваат се помасовна поддршка. Пензионери денеска со полни кеси со прехрамбени продукти, дојдоа да им ги донесат на бранителите на изборната волја.

500lugje

-Дојдовме за да им дадеме една голема поддршка на младиве и за Македонија. Они се бранители, а ова е фантастично. Им донесовме разни продукти, храна, сокови…

-Кој колку може толку донесовме. Дојдовме да им дадеме на децата поддршка да истараат во ова, бидејќи мора некој да ја брани државата и од надворешни и од внатрешни сили, велат граѓаните.

Чуварите на демократијата и на изборната волја, велат дека безрезервно поддржуваат стабилна и силна Македонија, а не деструктивни сценарија и разнебитување на државата.

-Како што видовте граѓаните повеќе пати ја искажаа својата поддршка кон кампот што е овде. Собрани сме сите, млади, стари, тука сме за да ги поддржиме новите проекти, новите реформи, изградба на нови училишта, автопатишта и се останато. Тука сме за да ја одбраниме демократијата пред се. Нашето срце и сета наша благодарност кон граѓаните на Македонија што дојдоа да ја искажат својата поддршка за нас, истакна студентот Мартин Темков.