ВИДЕО: Струмичкиот директор и сопругата на Верушевски завршија во притвор

Триесетдневен притвор, денеска, им изрече скопскиот Кривичен суд, по распитот, на Соња Верушевска, и на Бранко Палфиров, двајцата осомничени во полициската акција „Пуч“.

За лидерот на опозицската СДСМ и градоначалникна Струмица, Зоран Заев, останува во сила изречената вчера судска мерката претпазливост. Нему му е одземен пасошот, и еднаш неделно треба да се јави кај надлежниот судија.

Зоран Верушевски, кој претходно беше притворен, Зоран Заев, Соња Верушевска и Бранко Палфиров се осомничени од полицијата за обид за загрозување на уставниот поредок и недемократско преземање на власта.